4NEWS.mk

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје

На бул.„8-ми Септември“ вчера во 14.30 часот во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ј.(42) од Скопје и патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(41) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Б.Ј. и бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни