Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов објави на социјалните мрежи дека водата од водовод е безбедна за пиење.
„Струмица официјално доби решение од АХВ дека водата од водоводот е питка.
Анализи од Институт за Ветерина, 3 акредитирани приватни лаборатории, Центар за јавно здравје Струмица, ги побија резултатите на Институтот за Јавно Здравје, кои не измачуваа сите нас како струмичани.
Струмичкиот отпор и пркос даде резултат.
Благодарам на професионалците од АХВ што де одважија и го потпишаа решението за укинување на забраната!“, напиша меѓу другото Костадинов.