Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов денеска на новинарско прашање за неговиот став за излегувањето на Струмица од ЗЕЛС вели „намерата не е да излезам од ЗЕЛС затоа што сакам да сум надвор од ЗЕЛС, намерата е да го вклучиме алармот за Владата и одредени министри малку посериозно да пристапуваат кон проблемите со што не се соочува само градоначалникот на Струмица или „Комуналец“, се соочуваат 53 илјади граѓани, таков проблем имавме и во Гостивар, во еден период во државата околу 150 илјади луѓе беа оставени без питка вода. Требаше Костадинов да излезе од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не. Мора да градиме одговорен пристап кон граѓаните и кон институциите“.
Костадинов истакна дека не сака да излезе од ЗЕЛС, бидејќи ЗЕЛС е заедница која треба да се грижи за интересот на сите општини, која треба да работи на процесот на децентрализација многу сериозно и треба неселективно, како што впрочемм посопчи, вчера биле изјавите од потпретседателите на ЗЕЛС, кои тој ги почитува почитувам и охрабрува во тој дух да се градат односите. Додаде дека постојано е во контакт со неговите колеги градоначалници, секако и градоначалникот на Валандово и потпретседател на ЗЕЛС, Перо Костадинов, но потенцираше дека напуштањето на ЗЕЛС е во делот на состаноците и во делот на вклучувањето на алармот.
– Зошто? Струмица е четири недели без вода, тоа е само една од причините зошто го напуштив Управниот одбор на ЗЕЛС и не се појавувам на состаноците на ЗЕЛС. Тоа е многу принципиелно кога се обидуваме да исполитизираме процес како што е питка вода, не може да не очекуваме и политички одговор или реакција. Затоа велам, сега е време кога треба да седнеме на маса. Ние го решивме нашиот проблем, сега е време за седнување на маса, каде што, зборувам за ЗЕЛС, ќе ги отвориме можностите и ќе ги отвориме темите коишто се предмет на разговор и се интерес на струмичанки и струмичани, изјави Костадинов.