4NEWS.mk

Судир на војската и полицијата во Нигерија со шиитските демонстранти

Нигериската армија и полиција се судрија денеска со шиитските муслимански демонстранти кои маршираа во Абуџа.

Според очевидци, по улиците на главниот град на Нигерија се слушаат пукотници.

Војниците и полицајците употребија солзавец при апсење на демонстрантите.

Шиитите маршираа во знак на протест против продолжениот притвор за нивниот лидер и покрај одлуката на судот за негово ослободување.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни