Македонија

Започна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди за домаќинствата

Започна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди за домаќинствата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започна со процесот на доделување ваучери за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима-уреди. Над 6.000 домаќинства кои ги исполниле критериумите од јавниот повик, објавен на 1 февруари, ќе добијат ваучери со вредност до 500 евра.

Локации за подигање на ваучерите

Списоците на корисници се веќе објавени, а дистрибуцијата на ваучерите до општините е во тек. Граѓаните ќе можат да ги подигнат своите ваучери во специјално отворени регионални канцеларии, а информациите за локациите и работното време ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за енергетика.

Рок за искористување на ваучерите

Ваучерите за набавка на инвертер клима-уреди можат да се искористат најдоцна до 30 ноември. По овој рок, неискористените ваучери ќе се сметаат за неважечки.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни