Свет

Победата на Трамп донесе 64 милијарди долари профит за најбогатите во светот

Победата на Трамп донесе 64 милијарди долари профит за најбогатите во светот

Десетте најбогати луѓе во светот, според листата на милијардери на Блумберг, го зголемија своето богатство за неверојатни 64 милијарди долари во еден ден, веднаш по изборната победа на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави.

Најмногу профитираше извршниот директор на Тесла, Илон Маск, чие богатство се зголеми за 26,5 милијарди долари на вкупно 290 милијарди долари, пишува Гардијан.

Маск, кој се декларира како поддржувач на Трамп, го зголеми своето богатство благодарение на скокот на акциите на Тесла и со тоа дополнително ја зацврсти позицијата на најбогат човек во светот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни