Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД.
Ја користам оваа прилика да му честитам за неговиот избор за претседател на САД, рече Путин за време на неговиот говор на состанокот на клубот за дискусија „Валдај“.
Тој нагласи дека не знае какви ќе бидат понатамошните постапки на Трамп.
„Не знам што ќе се случи. Впрочем, ова е неговиот последен мандат. Што ќе направи – тоа е прашање за него“, рече Путин.
Рускиот лидер истакна дека е подготвен за контакт со Трамп и дека не смета дека е „срамота“ прво он да му се јави на американскиот претседател.
Зборувајќи за изјавите на Трамп за украинската криза, Путин изјави дека тие се вредни за внимание.
Путин го пофали Трамп, велејќи дека новоизбраниот американски претседател се покажал како многу коректен и храбар во вонредни услови и дека однесувањето на Трамп по неговиот атентат за време на изборната кампања е импресивно.
„Русија ќе соработува со секој американски претседател избран од американскиот народ“, заклучи Путин.