Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, на претседателските избори освои 301 електорски глас и ја победи кандидатката на Демократската партија Камала Харис која освои 226 електори, покажуваат најновите проекции на медиумската компанија АБЦ Њус.
Трамп победи во Ајдахо, Јута, Монтана, Вајоминг, Северна и Јужна Дакота, Небраска, Канзас, Оклахома, Тексас, Мичиген, Висконсин, Ајова, Мисури, Арканзас, Луизијана, Мичиген, Индијана, Кентаки, Тенеси, Мисисипи, Алабама, Флорида, Џорџија, Јужна Дакота, Северна Каролина, Охајо, Западна Вирџинија, Алјаска и Пенсилванија.
АБЦ предвидува дека Трамп ќе победи и во Невада, која ја загуби на изборите во 2016 и 2020 година.