Свет

Ердоган го покани Трамп во Турција: Соработката со САД може да помогне за решавање на кризите на Блискиот Исток

Ердоган го покани Трамп во Турција: Соработката со САД може да помогне за решавање на кризите на Блискиот Исток

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денес дека му упатил покана на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја посети Турција, истакнувајќи дека соработката меѓу Анкара и Вашингтон под неговото претседателство може да игра клучна улога во решавањето на регионалните кризи.

Во интервју за турскиот јавен сервис ТРТ, Ердоган коментира дека претседателската администрација на Трамп може сериозно да влијае на политичката и воената рамнотежа на Блискиот Исток, објави Ројтерс, во интервју за турскиот јавен сервис ТРТ, по неговото враќање од Будимпешта, каде што тој присуствуваше на Самитот на Европската политичка заедница.

Тој исто така изјави дека Трамп би можел да побара од Израел да ги запре нападите и дека прекинот на американската воена поддршка за Израел може да биде „добар почеток“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни