Свет

Ирак нападна: Активирани сирените во Израел!

Ирак нападна: Активирани сирените во Израел!

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека израелската противвоздушна одбрана соборила беспилотно летало кое во текот на ноќта беше лансирано од Ирак кон Израел.

ИДФ наведува дека дронот бил пресретнат пред да премине во израелскиот воздушен простор. Групата Исламски отпор во Ирак, која го поддржува Иран, ја презеде одговорноста за лансирањето на дронот, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелската армија објави и дека утринава од Либан биле истрелани пет ракети кон Израел, кои активирале сирени во Горна Галилеја и заливот Хаифа на северот на Израел.

Некои од тие ракети биле соборени, додека останатите паднале на отворен простор, според армијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни