Свет

Јужнокорејскиот претседател вежба голф, подготвувајќи се да се сретне со Трамп

Јужнокорејскиот претседател вежба голф, подготвувајќи се да се сретне со Трамп

Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јол денеска соопшти дека тој почнал да вежба голф, првпат по осум години, како подготовка за можна игра голф со новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Откако победи на претседателските избори, ставот на Трамп „Америка на прво место“ предизвика загриженост дека може негативно да влијае на одбранбената посветеност на САД кон Јужна Кореја и дека може да им наштети на трговските интереси на североисточна азиска земја на различни начини, вклучително и зголемување на царините, објави АП.

Некои експерти оценија дека е важно да се изгради блиско лично пријателство со Трамп во периодот на транзиција, пред тој официјално да ја преземе функцијата во јануари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни