Свет

ВИДЕО: Претседателот на јапонската владејачка партија заспа во парламентот, па беше избран за премиер!

ВИДЕО: Претседателот на јапонската владејачка партија заспа во парламентот, па беше избран за премиер!

Шигеру Ишиба, претседателот на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) на Јапонија, дремеше во парламентот неколку моменти откако беше реизбран за премиер.

На видеото се гледа како јапонскиот премиер накратко ги затвора очите и „се бори со спиењето“ за време на седницата на Претставничкиот дом додека се пребројуваа гласовите.

Подоцна во понеделникот, главниот владин портпарол им се обрати на новинарите на прес-конференција, одговарајќи на прашања за здравјето на премиерот.

„Премиерот беше исклучително зафатен, работеше до доцна во ноќта, а во моментов зема лекови за настинка“, рече Јошимаса Хајаши, главен секретар на кабинетот.

Тој додаде дека освен настинка, „премиерот нема други здравствени проблеми“, пишува Индепендент, пренесува Еуроњус.

Некои членови на опозицијата го критикуваа однесувањето на Шигеру и посочија дека тоа укажува на недоволно присуство и посветеност.

„Ако навистина спиел, тоа го покажува неговиот очигледен недостаток на тензија“, рече еден неименуван пратеник, според извештајот на Кјодо Њус.

По парламентарното гласање во понеделникот, Шигеру беше именуван за премиер, успешно надминувајќи еден од првичните предизвици за неговата нова администрација. Ова доаѓа откако неговата ЛДП и коалициониот партнер Комеито не успеаја да обезбедат мнозинство на неодамнешните избори за Долниот дом.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни