Низ цела Украина денеска се огласија сирени за воздушен напад, а беше дадено предупредување дека се очекува ракетен напад врз главниот град Киев.
Рускиот претседател Владимир Путин „се подготвува да изврши ракетен напад врз Киев“, напиша Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски на мрежата Телеграм.
Украинското воено воздухопловство претходно предупреди дека ракета навлегла во воздушниот простор на земјата и се движи во правец на Киев.
Русија бомбардира цивилни области низ Украина од почетокот на офанзивата која е покрената во февруари 2022 година.
Ноќта меѓу саботата кон неделата, Украина беше нападната од 145 руски беспилотни летала, што беше рекорден број, според Зеленски.
Од украинска страна во неделата наутро московскиот регион беше цел на беспилотни летала од големи размери, што е најголемиот напад досега во овој вооружен конфликт. Руските власти соопштија дека едно лице е повредено и дека се соборени 34 дронови.