Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа
вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка. Нештетно се
уништени педесетина килограми небезбедна храна.
За утврдени недоследности пуштање во промет на небезбедна и недекларирана
храна (подготовки од месо) на маркет од овој град издадено му е решение и
прекршочен платен налог, а како небезбедни уништени се 15, 6 килограми од
посочените производи.
За пласирање на небезбедни производи кои не биле декларирани, решение и
прекршочен платен налог издадени се и на гостилница. Таа продавала
недекларирани димени производи, замрзнати колбаси и плуподготвена замрзната
храна. Како небезбедни, по потекло од овој оператор со храна, нештетно се уништени
30 килограми храна од животинско потекло.
Парична казна изречена и е и на гостилница кај која со контролата е утврдено дека не
поседувала санитарни книшки за извршени задолжителни здравствени прегледи на
вработените.
Недоследности не се утврдени при спроведени инспекциски контроли кај пицерија и
две месарници во овој град.