Свет

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Односите на Турција со Израел се прекинати изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ергоган и додаде дека неговата земја е подготвена да започне прекугранични операции доколку се чувствува загрозена.

„Турција, на чело со Реџеп Таип Ердоган, не може да продолжи да ги развива односите со Израел. Немаме никакви односи со Израел во овој момент. Не презедовме никакви чекори за развој на тие односи“, изјави Ердоганпо враќањето од Азербејџан , јави  Си-Ен-Ен Турк.

Ердоган изрази надеж дека Турција може да ги обнови врските со сирискиот претседател Башар ал Асад, што, според него, може да придонесе за намалување на регионалната тензија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни