Македонија

Плотников: Палчо постојано носеше пиштол, дури и кога спиеше

Плотников: Палчо постојано носеше пиштол, дури и кога спиеше

На денешното рочиште, Кристијан Плотников, член и еден од основачите на партијата „Десна“, сведочеше за односот на Љупчо Палевски – Палчо со оружјето. Плотников истакна дека Палчо го носел пиштолот за лична безбедност, особено по нападот на неговата куќа за време на короната.

„Пиштолот беше постојано со него, дури и кога спиеше“, изјави Плотников, додавајќи дека пиштолот, марка „Валтер“, се наоѓал во неговата близина. Плотников објасни дека Палчо имал дозвола само за поседување, но не и за носење оружје, поради што полицијата му го одзела пиштолот.

„Според медиумите, полицијата му го одзела пиштолот кога бил застанат на пат“ додаде Плотников. Тој потврди дека оружјето било присутно и во штабот на „Десна“.

Плотников откри и дека се познава со Палчо од 2017 година, кога го поддржал неговиот инцидент со новинарот Бранко Геровски.

За потсетување, на 5 мај 2023, полицијата му го одзела пиштолот на Палевски, кој бил без дозвола за носење.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни