Македонија

Палчо подигна пари во Белград и се смести во хотел, вели Стојков

Палчо подигна пари во Белград и се смести во хотел, вели Стојков

Сведокот Васко Стојков, член на Централниот одбор на партијата „Десна“ и поранешен адвокат на Љупчо Палевски – Палчо, даде нови информации за нивното патување на 30 ноември 2023 година од Скопје до Белград. Тој откри дека Палчо му раскажал за сомнително следење пред да го напушти Скопје.

„Палчо ми спомена дека додека патувал низ град, забележал возило со велешки таблици што го следело“, рече Стојков, нагласувајќи дека тоа го загрижило Палчо.

Во текот на патувањето, Палчо побарал од Стојков да подигне лична карта за да изврши финансиска трансакција. „Ми побара лична карта бидејќи негов пријател требал да му испрати пари. Јас подигнав 1500 евра, а тој уште 1500 евра,“ изјави Стојков.

По пристигнувањето во Белград, тие се упатиле кон хотелот „Таш“, каде Палчо се регистрирал за престој. „Ноќевањето беше 60 евра. Му побараа пасош, и тој се легитимираше со две торбици,“ додаде сведокот.

Стојков се вратил во Скопје вечерта околу 9 часот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни