Македонија

Вечерва седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, нема да присуствуваат министрите Божиновска и Љутков

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седница вечерва во нов состав, со редовна дневна точка за актуелната политичка ситуација. Сепак, на состанокот нема да присуствуваат министрите за енергетика и култура, Сања Божиновска и Зоран Љутков, како и поранешната вицегувернерка Маја Кадиевска-Војновиќ.

Според некои членови на Извршниот комитет, оваа седница ќе биде и конститутивна по одржаниот ЦК викендов, на која нов член на раководството на Мицкоски станува Благоја Ташаминов, поранешен разузнавач и шеф на кабинет на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Од партијата тврдат дека отсуството на Божиновска од ИК не е поврзано со скандалот за бугарското државјанство, туку со потребата да се посвети целосно на министерската функција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни