Македонија

Пошта во длабоки загуби: Навремено доставени само 59,7% од пратките

Пошта во длабоки загуби: Навремено доставени само 59,7% од пратките

Според ревизорскиот извештај за 2023 година, Пошта на Северна Македонија се соочува со континуирани финансиски загуби кои негативно влијаат на нејзината работа и квалитетот на услугите, при што се наведени големи долгови и ненавремено исполнување на обврските.

Навремено се доставени само 59,7% од пратките, што значително отстапува од пропишаните стандарди. Освен тоа, идентификувани се неправилности во управувањето со имотот и јавните набавки, како и зголемување на платите на менаџментот, и покрај финансиската криза во друштвото.

Ревизорите препорачуваат итни мерки за подобрување на финансиската стабилност и квалитетот на услугите. Согласно ревизорскиот извештај, друштвото се наоѓа во неповолна финансиска положба од 2017 година, при што во континуитет остварува загуби од работењето, а најголема загуба во износ од 3.726.000 евра е забележана во 2022 година.

Дополнително е утврдено и дека недостасуваат точни и усогласени евиденции за земјиштето и градежните објекти, што влијае на квалитетот на податоците во трговските книги. Дел од објектите, како и две одморалишта во Охрид вредни 6,4 милиони  денари, се во лоша состојба и потребна им е санација, а за еден е утврдено бесправно користење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни