Македонија

ВИДЕО: Бомбата во дворот на Раде Штекли била најавена на Тик-Ток

ВИДЕО: Бомбата во дворот на Раде Штекли била најавена на Тик-Ток

Тема на разговор и во Владата денеска беше бомбата која утрово експлодираше во двор во скопската населба Керамидница, и го повреди Раде Трајковски – Штекли кој е пренесен во болница.

На Тик-Ток со видео беше најавен нападот, како и претходните напади врз Штекли, но и овојпат минаа незапазено од службите на МВР.

„Скопје, Керамидница карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат“, стои во видеото објавено на „Тик-ток“, кое го коментираше и Тошковски.

„Ова е доказ дека бандите си хараат и денеска. Добро е што немаме жртви во кривично правниот настан, и ситуацијата со повредениот не е животно загрожувачка.“, рече Тошковски.

Потоа беше прашан и за ова видео, Тошковски одговори:

„МВР не може да направи чудо за преку ноќ. Но, можам да кажам дека работиме за граѓаните да се чувствуваат безбедно“, рече Тошковски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни