Тројца лекари ќе бидат дел од Комисијата која ќе испитува дали има пропуст при третманот на петгодишното девојче кое почина на Детската клиника.
Министерот за здравство Арбен Таравари, побара стручен надзор по вчерашниот извештај на ДСЗИ кој констатираше пропусти во третманот и во организицскиот дел на клиниката. Ова е втора комисија за краток период која проверува смртни случаи.
„Ако има пропусти, секако дека ќе има одговорност. Ја побарав историјата на девојчето, да ми пратат било што направено околу неа“, рече Таравари.
Констатацијата на ДСЗИ дека лабораториски не е докажан менингоенцефалит како што стои во потврдата за смрт, министерот ја коментира како не е утврдено дали е вирусно или од бактериска природа.
Директорот на Детска клиника за утре најави прес-конференција на која ќе образложи за оваа, како и за целокупната состојба на клиниката.