Свет

Директна закана: Избива ли трета светска војна?

Директна закана: Избива ли трета светска војна?

Министерот за одбрана на Турција, Јасар Ѓулер изјави дека Израел може да ја нападне Турција, со што ги поддржа претходните изјави на претседателот Ердоган, кој го опиша Израел како директна закана за земјата.

„Израел е агресивна земја, тие можат да не нападнат“, рече министерот, навестувајќи ја можноста во секој момент да избие трета светска војна.

Говорејќи во живо за турска информативна телевизија, министерот Ѓулер истакна дека Турција мора да биде подготвена за секое сценарио.

На прашањето дали Израел може да биде директна закана за Турција, Ѓулер одговори: „Нашиот претседател го предупредува општеството затоа што ја гледа оваа опасност. Дека г-динот претседател изразува таква загриженост ако не види можна закана од Израел?“

Ѓулер повлече историски паралели, потсетувајќи како претходните светски војни започнаа со навидум мали настани, предупредувајќи дека конфликтот може да избие одеднаш.

„Ние, се разбира, не сакаме војна, но мораме секогаш да бидеме подготвени“, рече министерот за време на своите изјави.

Министерот за одбрана истакна дека приоритет на Турција е да го зачува мирот, но додаде дека безбедносните сили на земјата прават детални планови за секоја можна закана.

Изјавите на Ѓулер доаѓаат во време на засилени регионални тензии, додека воените операции на Израел во Газа и Либан предизвикуваат широка загриженост низ Блискиот Исток.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни