Свет

ЈА БАРАШЕ СМРТТА НА ПУТИН, ПА ДОБИ КАЗНА ЗАТВОР: Еве колку е осудена режисерката Анастасија!

ЈА БАРАШЕ СМРТТА НА ПУТИН, ПА ДОБИ КАЗНА ЗАТВОР: Еве колку е осудена режисерката Анастасија!

Воениот суд во Москва денеска ја осуди театарската режисерка Анастасија Бережинскаја на осум години затвор поради објавување антивоени коментари на Интернет, вклучително и неколку повици да се убие рускиот претседател Владимир Путин поради војната во Украина, пренесоа руските медиуми.

Бережинскаја (43) е осудена за дискредитација на руската армија, ширење лажни информации, како и за оправдување тероризам, објави Медиазона.

Во првите месеци по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Бережинскаја објави десетици објави против тој конфликт на Интернет.

На 14 мај 2022 година, таа објави повеќе од 30 објави на социјалната мрежа ВКонтакте во кои изјави дека Путин е лично одговорен за смртта на мажи, жени и деца во Украина и повика на атентат на рускиот претседател.

Бережинскаја се изјасни за виновна за ширење лажни информации и дискредитација на руската војска, како и делумно виновна за обвиненијата за тероризам.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни