Македонија

Мечка сред бел ден се шета низ Ранковце

Мечка сред бел ден се шета низ Ранковце

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“ на својата Фејсбук страница.

Во објавата се истакнува дека мечката е заштитен вид и дека нејзиното застрелување е строго забрането според законот. Ловците и жителите на општината се предупредени да не ја нарушуваат нејзината безбедност.

„Драги ловци и почитувани граѓани на Општина Ранковце, во село Петралица беше забележана кафеава мечка! Потсетуваме дека ова животно е заштитено со закон и не смее да се убијат. Мечката е тревопасна и ќе се повлече во шумските предели. Апелираме да не се предизвикува, бидејќи застрелување на мечка е кривично дело, за што е предвидена казна затвор и глоба до 5000 евра“, стои во објавата од Ловното здружение.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни