Македонија

Пензионерка од Скопје измамена за 6.000 евра, мислела дека помага во Гана

Пензионерка од Скопје измамена за 6.000 евра, мислела дека помага во Гана

76-годишна скопјанка пријавила во полиција дека била измамена за сума од 6.000 евра, откако се запознала со измамници преку социјална мрежа.

„На 13.11.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје, 76-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 479.540 денари. Според пријавеното, во периодот од февруари до 12.11.2024 на социјална мрежа комуницирала со лицето кое побарало од неа да купи мобилни телефони и испрати пари за хуманитарни цели, по што парите ќе ѝ бидат вратени. Како што е пријавено, таа во шест наврати купила шест мобилни телефони и преку брза пошта ги испратила на две лица од Гана и пуштила пари преку брз трансфер на пари на лице во Италија, но парите не ѝ биле вратени“, пишува во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни