Свет

Родителите за малку ќе ја задавеле нивната ќерка бидејќи таа не се согласила на договорениот брак

Родителите за малку ќе ја задавеле нивната ќерка бидејќи таа не се согласила на договорениот брак

Родителите на 17-годишно девојче за малку ќе ја задавеле својата ќерка пред училиштето во Лејси, во американската држава Вашингтон, бидејќи таа не се согласила на договорен брак.

Според полициските извештаи, девојчето побегнало од дома откако нејзините родители Ихсан Али (44) и Захра Субхи Мохсин Али (40) се обиделе да ја испратат во Ирак и да ja омажат, пишува британски Мирор.

Девојчето во полиција изјавило дека татко и се заканил дека ќе ја убие затоа што не се согласила на договорен брак со постар маж од друга земја.

Во моментот на нападот девојчето било пред училиштето. Наставниците дошле и ја сместиле во безбедна просторија, но според очевидци татко и ја нападнал на пат кон автобуската постојка.

Девојчето кажало дека го удирала нејзиниот татко и додека тој не изгубил свест и не ја ослободил. Меѓутоа, нејзината мајка потоа се обидела да ја задави.

На крајот успеала да побегне, благодарение на помошта на другите ученици и случајни минувачи кои се собрале.

Полицијата набрзо дошла и ги уапсила родителите на кои во моментов им се суди, пренесува Танјуг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни