Свет

Фицо остро против одлуката на САД за вооружување на Украина со долг дострел

Фицо остро против одлуката на САД за вооружување на Украина со долг дострел

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо силно се спротивставува на одлуката на САД да и дозволи на Украина да користи оружје со долг дострел во нападите врз Русија и истакнува дека тоа има за цел да ги спречи или одложи мировните преговори, се вели во соопштението на словачкиот премиер.

„Ова е невидена ескалација на тензиите, одлука што ги оневозможува надежите за почеток на какви било мировни преговори и крај на меѓусебното убивање на Словените во Украина“, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.

Според пишувањето на „Њујорк тајмс“ и изјавите на Ројтерс и некои други медиуми, администрацијата на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден во неделата ја овластила Украина да користи крстаречки ракети со долг дострел за напади длабоко во руска територија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни