Германскиот суд денеска објави дека корисниците на Фејсбук, чии податоци можеле незаконски да се користат во 2018 и 2019 година, имаат право на компензација.
Федералниот суд на правдата пресуди дека губењето на контролата врз нечии податоци онлајн е основа за компензација без докажување конкретни финансиски загуби, објави Ројтерс.
Агенцијата објави дека илјадници корисници на Фејсбук во Германија побарале отштета од компанијата Мета поради недоволна заштита на нивните податоци, откако било можно непозната трета страна да пристапи до корисничките сметки.