Украинската армија ја обвини Русија за лансирање на интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) за време на нападот утринава врз градот Днипро. Според соопштението на украинските воздухопловни сили, проектилот бил истрелан од областа Астрахан во Русија, јави Си-Ен-Ен.
Покрај наводното лансирање на ИЦБМ, украинската војска тврди дека Русија користела балистичка ракета X-47M2 „Kinzhal“, како и седум крстаречки ракети во истиот напад. Украинската воздушна одбрана ги собори сите седум крстосувачки ракети, додека, според официјалните информации, „другите проектили не предизвикале значителни последици“.
Си-Ен-Ен не може самостојно да ги потврди овие тврдења, а извештаите за видот и потеклото на ракетите остануваат непотврдени од независни извори. Доколку се покаже дека е вистина, ова би бил прв напад во историјата од интерконтинентална балистичка ракета.
Овој напад доаѓа откако Џо Бајден одобри употреба на американски ракети АТАКМС против цели во Русија и по радикалната промена на нуклеарната доктрина од страна на Русија.
🔥 Ogromna eksplozja w mieście DNIPRO, trzy krótkie detonacje… pic.twitter.com/r2Xz6McJKB
— 🪙drugα ɐuoɹʇs mєdαlu🪙 (@M_Christo1410) November 21, 2024
Значењето на употребата на ИЦБМ
Доколку се потврдат тврдењата на Украина, употребата на интерконтинентална балистичка ракета во локализиран конфликт како оној во Днепар претставува сериозен преседан. ИЦБМ се дизајнирани за стратешки цели со долг дострел и обично носат нуклеарни боеви глави.
Напад на Днепар
Нападот утринава доаѓа откако руските сили претходно денеска оштетија индустриски капацитет во Днепар и предизвикаа два пожари. Гувернерот на регионот Днепропетровск, Серхиј Лисак, изјави дека локалните служби се уште се на терен и ја проценуваат штетата. Градоначалникот на Днипро, Борис Филатов, потврди дека во нападот е оштетен и центарот за рехабилитација, при што целосно се уништени прозорците на зградата.
Покрај тоа, украинскиот енергетски гигант ДТЕК пријави итни прекини на електрична енергија во регионите Киев, Одеса, Днепропетровск и Доњецк, што дополнително ја комплицира ситуацијата во погодените региони.