Министерот за култура, Зоран Љутков, во интервју за „Дејли Клик“ на ТВ21, ја истакна актуелната состојба во министерството кое го води, напоменувајќи дека се соочуваат со сериозен проблем во однос на кадарот. Според него, структурата на министерството е недоволно прилагодена на потребите на секторите кои треба да ги покриваат.
„Во министерството има пет правници и само двајца археолози, што е несоодветно за нашите потреби. Има и други сектори каде што се потребни стручни лица, како што се експерти за јавни набавки, финансии и архитекти“, изјави Љутков.
Тој додаде дека процесот на вработување е исклучително тежок, бидејќи малку луѓе се подготвени да работат во министерството поради ниските плати.
„Платите во министерството се екстремно ниски, и тоа е една од главните причини зошто никој не сака да работи тука. Потрагата за квалификуван кадар оди многу тешко“, посочи министерот Љутков.