Најдобриот тенисер од Србија Новак Ѓоковиќ одмара меѓу две сезони и се подготвува за можеби последната во кариерата.
Новак сезонава победи на Олимписките игри во Париз, со златниот медал ја комплетираше колекцијата на сите трофеи во кариерата.

Неодамна го ангажираше Енди Мареј за тренер, а потоа се најде во познатото друштво на поранешни фудбалери.
Се сликаше со Ривалдо и Патрик Клајверт додека со нив беше и познатиот инфлуенсер Каби Ламе.
„Секогаш е убаво да запознаваш пријатели“, напиша поранешниот холандски напаѓач и играч на бројни клубови како Барселона, Ајакс, Милан, Њукасл, Валенсија, ПСВ и Лил.
„Секогаш ми е задоволство да те гледам, Патрик“, му напиша Новак на поранешниот холандски ас, кој постигна три гола за Југославија во победата на „Лала“ од 6:1 на ЕП 2000 година.