Македонскиот полициски синдикат објави важно известување.
Како што велат, по три години Министерството за внатрешни работи се одважило и ја исполнило законската обврска да ги осигура вработените.
„Почитувани, по три години инсистирање и притисок од страна на Македонскиот полициски синдикат, конечно министерството се одважи и си ја исполни законската обврска да ги осигура вработените во МВР. Македонскиот полициски синдикат го поздравува потпишувањето на договорот за осигурување и искрено се надеваме дека со дијалог во иднина ќе ги решаваме заостанатите проблеми во министерството еден по еден. СПЛОТЕНИ МОЖЕМЕ СЕ“, велат од таму.