Навивачката група Комити со апел до сите приврзаници на Вардар во недела да учествуваат масовно во поддршката за својот клуб. Повикот вклучува прошетка низ скопските улици и присуство на стадионот за време на натпреварот помеѓу ФК Вардар и ФК Тиквеш, кој ќе се одржи во недела од 13:00 часот. Секој присутен е поканет да носи македонско знаме, а како дополнителна мотивација, влезот на стадионот ќе биде бесплатен за сите што ќе дојдат со знаме.
Посебен повод за оваа иницијатива е големиот јубилеј на подгрупата Лојал Фанс, која во недела ќе одбележи 25 години од своето основање.
Комити организираат и собир пред натпреварот, кој ќе започне во 11:00 часот во „Паркот на новинари“, лоциран кај последната станица на автобусот со број 23, спроти зградата на Нова Македонија, во населбата Капиштец.