Попладнево на планинскиот превој Ѓавато се забележани неколку заглавени камиони кои не можат да се движат поради интензивните снежни врнежи.
Во моментов има забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинските превои Стража, Ѓавато и Маврово.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, со влажни коловози, додека на повисоките места има остатоци од кашест снег. Интервенција вршат екипите на „Македонија Пат“.
Во западниот дел на Македонија врне снег со слаб интензитет, додека во другите региони се регистрираат дождови.