Македонија

Заглавени лица три пати се јавила на 112 и уште чекаат помош, надлежните пак чекаат поголема машина!

Заглавени лица три пати се јавила на 112 и уште чекаат помош, надлежните пак чекаат поголема машина!

Од 112 во 13:05 часот добиено е известување дека по трет пат се јавиле службените лица од ТППЕ Гостивар кои се заглавени со службеното возило помеѓу Хотел Радика и Бунец, Според јавувачот сеуште нема пристигнато возило за да им помогне да ги извлече, Според него со нив се и околу 20-тина други коли кои се заглавени од рано утрото. Баарат од страна на Македонија Пат да интервенираат со механизација за да се исчисти патот, а исто така бараат од Полиција да ги застанат колите бидејќи само се зголемува гужвата.

РЦУК Тетово известува дека по извршениот контакт со пријавителот, добиле информација дека на местото на настанот пристигнало возилото од Македонија Пат, но поради капацитетот не е во можност да ги одглави заглавените возила.

РЦУК Тетово направиле контакт со одговорното лице од Македонија Пат, секција Маврово кое ја потврдило информацијата и известило дека моментално чекаат поголема машина-Фреза со која би требало да успеат да ја нормализираат состојбата со патниот правец и да ги одглават заглавените возила. Истиот нема прецизни информации за точното време кога ќе стигне машината за што дополнително ќе извести.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни