Македонија

Петрова: Во просек во последните пет месеци 24% од износот на долгот на ДДВ не е платен во законскиот рок

Петрова: Во просек во последните пет месеци 24% од износот на долгот на ДДВ не е платен во законскиот рок

Директорката на УЈП, Елена Петрова во „Дејли Клик“ на ТВ21 рече дека 24% од долгот на ДДВ не е платен во последните пет месеци, што има позитивна тенденција, за разлика од бројките од минатата година.

„Во просек во последните пет месеци 24% од износот на долгот на ДДВ не е платен во законскиот рок, и тука има блага позитивна тенденција. Затоа што тој просечен износ на долг во минатата година бил околу 31%, што ми покажува дека со сите овие пораки што ги праќаме и персонализирано и како јавни известувања, ги натеравме ДДВ обврзниците да го плаќаат долгот“, рече Петрова.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни