Македонија

ФОТО Над 1200 ученици го формираа најголемото македонско знаме

ФОТО Над 1200 ученици го формираа најголемото македонско знаме

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски на својот фејсбук-профил објави фотографии од денешниот настан на кој 1200 ученици го формирале најголемото македонско знаме.

Тој во својата објава вели: Стоиме заедно обединети под светлината на нашето Македонско знаме! Во црвено и жолто, го формиравме најголемото Македонско знаме!

„Со особена гордост го одбележуваме овој значаен момент формирање на Македонското знаме, кое е симбол на независноста, заедништвото и достоинството. Тоа нè повикува да бидеме обединети, горди и одлучни во зачувување на нашите вредности. Знамето и химната се симболи на државност и секој еден од нас треба да се идентификува и да ги почитува националните симболи на Република Македонија. Овој чин не прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности. Развивање на чувството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи за нас е важен момент“, вели Костовски во својата објава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни