Во текот на ноември, богатството на Илон Маск се зголеми за 25 отсто, благодарение на растот на акциите на Tesla и вредноста на неговиот стартап со вештачка интелигенција. Така, богатството на Маск за прв пат по две години надминува 300 милијарди долари.
Акциите на Tesla постигнаа голем раст по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД минатиот месец, според Форбс.
Маск од мај го држи првото место на листата на најбогати, а само ја зголеми предноста за повеќе од 100 милијарди долари. Форбс проценува дека неговото богатство на 22 ноември накратко достигнало рекордни 334 милијарди долари. Според проценките на Форбс, на 1 декември Маск бил „тежок“ 330 милијарди долари, што е за 66 милијарди повеќе од пред еден месец.
Ноември беше одличен месец за уште неколку членови на листата на десетте најбогати луѓе во светот. Втора на листата, Лери Елисон е втората и најголема победничка. Во текот на ноември тој стана побогат за 22 милијарди долари поради зголемувањето на вредноста на акциите на Oracle. Сега богатството на Елисон е 227 милијарди долари. Основачот и претседател на Amazon, Џеф Безос е на третото место, а неговото богатство се зголеми за 19 милијарди долари на 223 милијарди поради растот на акциите на Amazon за 11 отсто.
Заедно, 10-те најбогати луѓе во светот имаат 1,81 милијарди долари, што е за 106 милијарди долари повеќе во споредба со пред еден месец.
Кој загуби најмногу?
Најголем губитник во оваа елитна групација е францускиот магнат на луксузните брендови Бернар Арно, чие богатство во ноември падна за околу 9 милијарди на 160,3 милијарди долари. И покрај овој пад, Арно успеа да го задржи своето место како петти најбогат човек на светот. Акциите на неговиот конгломерат LVMH паднаа за околу 6 отсто во текот на ноември, а за 20 отсто во последните шест месеци поради послабата продажба во Кина, пишува „Блиц Бизнис“.
Бил Гејтс, кој долги години ја уживаше титулата најбогат човек на светот, на 1 октомври целосно испадна од листата на десетте најбогати луѓе. Тоа е прв пат од 1991 година основачот на Мајкрософт да не се најде на оваа листа. Богатството на Гејтс е значително намалено (моментално е на 14 место со богатство од околу 107 милијарди долари) поради, меѓу другото, поделбата на имотот при разводот од Мелинда Френч Гејтс, пишува Forbes CG.