Македонија

Утре ќе бидат објавени детали за новогодишната потрошувачка кошничка

Утре ќе бидат објавени детали за новогодишната потрошувачка кошничка

Утре со почеток во 11:00 часот во свечената сала на Владата, ќе се одржи состанок помеѓу претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски и претставниците на стопанските комори во однос на промоција на новогодишната потрошувачка кошничка која се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по ниски цени.

По состанокот, во 11:45 часот се очекува прес-конференција на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на која ќе биде презентирана оваа кошница.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни