Свет

Зошто Бритни Спирс ја напушти Америка и се пресели во Мексико?

Зошто Бритни Спирс ја напушти Америка и се пресели во Мексико?

Бритни Спирс на својот 43-ти роденден откри дека се сели во Мексико во обид да им побегне на папараците, обвинувајќи ги дека секогаш биле „неверојатно сурови“ кон неа.

„Папараците навистина ми ги повредија чувствата. Папараците прават моето лице да изгледа како да носам маска, не личам на себе на нивните фотографии“, изјави пејачката ѕвезда.

Пејачката додаде дека папараците „отсекогаш биле неверојатно сурови кон неа“ и дека иако знае дека „воопшто не е совршена“, таа верува дека начинот на кој се однесувале кон неа бил „исклучително злобен и суров“.

Затоа и донела одлука и како што објаснува се преселила во Мексико.

Бритни беше видена како слетува во Кабо Сан Лукас на 2 декември, што исто така беше снимено на фотографии. Изгледаше среќно и задоволно.

Можеби затоа, пренесува eonline.com, на тој ден и официјално го завршила бракот со Сем Асгари. Бракот траеше две и пол години, а Бритни неодамна им соопшти на обожавателите дека повторно се омажила, но овој пат „за себе“.

Пејачката се пошегува и за годините и изгледот, велејќи: „Оваа година наполнувам пет години. Утре треба да одам во градинка“.

Целата приказна не помина без дополнителен маркетинг. Бритни најави дека за неколку дена во продажба ќе има кукла со нејзиниот лик и прилагодена гардероба слична на онаа што ја носела во познатите музички спотови и настапи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни