Македонија

„Ако пропадне тендерот за нафта за ЈСП, ќе мора повторно да помогнеме, но тоа не може да оди во недоглед“, вели Мицкоски

„Ако пропадне тендерот за нафта за ЈСП, ќе мора повторно да помогнеме, но тоа не може да оди во недоглед“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема да остане пасивна ако тендерот за набавка на нафта за Јавното сообраќајно претпријатие не успее, и дека ќе интервенира повторно.

Тој истакна дека ќе се даде шанса за нова набавка, но ако не успее, Владата ќе биде принудена да помогне со позајмица.

Мицкоски додаде дека во тој случај, ќе се постави прашањето до кога ќе се дозволи ваква ситуација и дека треба да се води сметка за процесот на децентрализација, и ако некој не може да го управува, Владата ќе мора законски да интервенира.

Проблемот со недостигот на нафта за ЈСП доведе до ситуација каде само околу 30 автобуси беа во функција, а другите стоеа поради недостаток на гориво.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни