Македонија

Владата размислува користењето на криптовалути да го стави во законски рамки?!

Владата размислува користењето на криптовалути да го стави во законски рамки?!

Владата планира да воведе законски регулативи за користењето на криптовалути. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека тоа е важен чекор кон дигиталната иднина, и Македонија ќе биде меѓу првите земји во регионот кои ќе го направат.

„Нашата цел е да го регулираме користењето на криптовалутите во согласност со законите, но постојат многу аспекти кои треба внимателно да се усогласат. Работиме на тоа и со партнерите, и верувам дека ќе бидеме еден од лидерите во регионот во оваа област“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека оваа иницијатива претставува иднина и нова можност за економијата, иако ќе биде потребно време за да се воспостави целосен систем.

Претходно, вредноста на биткоинот првпат го надмина прагот од 100.000 долари, што дополнително ја потврдува значајноста на криптовалутите во глобалната економија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни