Свет

Трамп го враќа човекот кој бараше повлекување на Америка од Косово

Трамп го враќа човекот кој бараше повлекување на Америка од Косово

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека го избрал поранешниот сенатор Дејвид Перду за амбасадор во Кина.

„Тој ќе биде од клучно значење во спроведувањето на мојата стратегија за одржување на мирот во регионот и продуктивни работни односи со кинеските лидери“, рече Трамп во четвртокот во објава на социјалната мрежа, пренесува Ројтерс.

Трамп, кој ја презема должноста на 20 јануари 2025 година, најави дека ќе воведе дополнителни 10 отсто царини за кинеските производи, освен ако Пекинг не направи повеќе за да ја спречи нелегалната трговија со фентанил, дрога која предизвикува голема зависност, во САД.

Кој е Дејвид Перду:

Ја започна приказната за повлекувањето на САД од Косово Перду на локалната јавност и е познат како сенаторот кој во 2020 година ја започна приказната за повлекувањето на американската армија од Косово.

Овој бизнисмен и страствен играч на голф, револтиран од доцнењето на Приштина со укинување на даноците за српските производи, го врати во фокусот она што претходно беше споменато како вид на притисок – повлекувањето на САД од Косово.

За работите да бидат уште поинтересни, тој беше поддржан од други американски претставници, како и синот на Трамп, Доналд Трамп помладиот, што можеби и не е толку изненадувачки ако се земе предвид пријателството меѓу сенаторот и новоизбраниот американски претседател.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни