Македонија

Мицкоски: Владата нема да се меша во преговорите за минималната плата

Мицкоски: Владата нема да се меша во преговорите за минималната плата

Во новинарско прашање премиерот Христијан Мицкоски после седницата на економскиот совет зборуваше за минималната плата. Се бара минималната плата да биде 450 евра.

„На седницата на економскиот совет има претставници од работодавачите и работниците. Едните имаат едно барање, другите друго, а ние сме некако на средината и на едните и на другите. Затоа како Влада ние нема да се мешаме, ќе оставиме тие да се договорат, а ние ќе прифатиме“, рече Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни