Македонија

Бидете внимателни: ЗОО Скопје повикува на внимателност поради лажни наградни игри

Бидете внимателни: ЗОО Скопје повикува на внимателност поради лажни наградни игри

Од Зоолошката градина потсетуваат за лажната страница која се појави под име ZOO Skopje и која „организира“ наградни игри во име на нашата установа и истите не се веродостојни.

„Внимавајте, затоа што се очигледно се работи за таканаречена phishing страница, која има за цел да ви собере лични податоци. Ова во моментов се случува со повеќе европски зоолошки градини кои се злоупотребени.

ЈУ Зоолошка градина Скопје нема никаква врска со оваа лажна страница и затоа ве замолуваме доколку сте во можност да ја пријавите како измама (Стиснете на report page)“, велат од ЗОО Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни