Уставниот суд на Романија ги поништи резултатите од првиот круг од претседателските избори, по откривањето на безбедносните документи, а процесот ќе мора да се повтори.
Одлуката на судот е конечна и дојде откако претседателот Кан Јоханис ги декласифицира безбедносните документи кои укажуваат дека Русија спроведува активна кампања.
Кампањата се состоеше од илјадници профили на социјалните мрежи кои застанаа на страната на Калин Ѓорѓеску.
Калин Ѓорѓеску, проруски и националистички кандидат, победи во првиот круг од претседателските избори што се одржаа на 24 ноември.
Вториот круг на гласање требаше да се одржи на 8 декември.