Македонија

Трендафилов оптимист за зголемување на минималната плата на 450 евра – Трајкоска против паушално покачување

Трендафилов оптимист за зголемување на минималната плата на 450 евра – Трајкоска против паушално покачување

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, е оптимист дека ќе се постигне договор за зголемување на минималната плата на 450 евра, истакнувајќи дека платите во Македонија мора да растат поради нискиот животен стандард и порастот на платите во регионот. Тој нагласи дека има позитивни сигнали за постигнување решение и дека Владата планира зголемување на платите во јавниот сектор.

Трендафилов предложи минималната плата да се зголеми на најмалку 450 евра, напоменувајќи дека повеќе од 30.000 работници примаат минимални плати. Тој исто така апелираше за легализирање на исплатите во плик во приватниот сектор, кои, како што кажа, се неприфатливи.

Претседателката на Организацијата на работодавачи, Владанка Трајкоска, изрази резерви за паушално зголемување на минималната плата, истакнувајќи дека постојат параметри за утврдување на минималните плати и дека зголемувањето мора да се базира на тие параметри.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни