Македонија

Училиштата започнаа со апели по Тик-ток трендот: Будно следење од страна на родителите

Училиштата започнаа со апели по Тик-ток трендот: Будно следење од страна на родителите

Основното училиште „Кирил и Методиј“ од Битола упати апел до родителите за поголемо внимание кон новиот Тик-ток тренд кој ги вклучува учениците.

Трендот, кој станува сè попопуларен меѓу младите, носи ризици по безбедноста и здравјето на децата. Според училиштата, родителите треба да бидат будни и активно да ги следат активностите на своите деца на социјалните мрежи, за да спречат потенцијални опасности и непријатности.

„Популарниот предизвик наречен „Супермен“ на социјалната платформа Тик-Ток во кој деца се фрлаат на земја ги загрозува животите на младите во Македонија.

Почитувани ученици, родители и наставници, упатуваме апел до сите за зголемена внимателност и будност во врска со последните случувања поврзани со Тик-Ток трендот „Супермен“ кој се прошири деновиве низ училиштата. Со оглед на тоа дека станува збор за опасен предизвик поради кој веќе има и повредени ученици од некои училишта низ државата, апелираме за будно следење на ситуацијата од страна на родителите и наставниците, поголема контрола на активностите што ги прават децата преку своите телефони од страна на родителите, превентивни разговори со учениците за подигање на свесноста околу опасноста од вакви предизвици преку социјалните мрежи.“, се вели во објавата на училиштето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни