Во текот на денешниот ден во училиштето „Лазо Ангеловски“ во Скопје, беше присутен нов тим, формиран од страна на Центарот за социјални работи, со цел да се разгледа и следи тековната ситуација поврзана со актуелниот проблем.
„Со донесувањето на Заклучок, беше препорачано детето да продолжи со онлајн настава до крајот на полугодието, со цел да се изврши соодветна проценка за неговата заштита и заштитата на останатите деца во одделението. Со оглед на развојот на ситуацијата денес, нашето барање детето да не присуствува физички во училиштето беше прифатено. Целта на бојкотот е постигната, а сега интензивно ќе продолжи институционалното решавање на проблемот. Ние имаме услови за прекин на бојкотот и децата ќе продолжат со редовна настава“, соопштија надлежните.
Родителите исто така испратија соопштение, во кое известуваат дека бојкотот е завршен и дека децата ќе се вратат во училиште од вторник, продолжувајќи со редовната настава.