Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, заедно со лидерите на ЕФ, постави шатори пред Уставниот суд, испраќајќи силна порака до Христијан Мицкоски и јавноста.
„Ние сакаме мир, демократија, слобода за сите и постојан напредок на нашата земја, со цел да се приближиме кон Европската унија“, истакна Ахмети во својата порака.
Покрај тоа, тој го повика Мицкоски да не ја загрозува суштината на Охридскиот договор и да не се обидува да ги поткопува правата на Албанците.
-Зошто г. Христијан вие и многу домашни политичари и аналитичари ме обвинувате мене, Албанците, зошто настана војната во 2001 година. Војната беше прекината со компромис кој не ги задоволува страните. И ние сме незадоволни од тој компромис, но компромисите се најдобро решение, како за вас така и за нас. Затоа не го загрозувајте Охридскиот договор и не чепкајте во с’ржта на Албанците бидејќи не е добро ни за вас ни за нас. Оваа држава е заедничка, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.